Connect with us

Фудбал

Пелистер 11 пати ја затресе мрежата на Тетекс

Екипата на Пелистер издвојува неверојатна победа од 11:0 над екипата на Тетекс во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Тетекс игара катастрофално оваа сезона, а својата лоша форма ја потврдија на натпреварот денешниот натпревар со битолчани.

Одличен на овој натпревар беше Борче Маневски кој постигна Хет-трик, а мрежата на Тетекс ја затресија уште и Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.

Пелистер сега се наоѓа на на 6. позиција на табелата со 20 освоени бодови, а Тетекс е на претпоследната, 15. позиција со 7 освоени бодови.