Connect with us

Ракомет

Пелистер се засилува од Вардар, Ончев до крајот на сезоната ќе игра во Битола

Левото крило на Вардар, Тоше Ончев, до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе биде позајмен во екипата на Пелистер. Тој е играч на Вардар, а двете екипи се договорија за овој трансфер, и Ончев би требало да добие и поголема минутажа во тимот од Битола.

Ончев пред почетокот на сезоната беше прекомандуван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим, и ги мина подготовките. На позицијата лево крило покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите се уште и Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА лигата пријавен е и Стефан Чакалиќ.

Ончев сезонава играше на два натпревари во СЕХА лигата и постигна три гола.