Connect with us

Фудбал

ПЕП ГВАРДИОЛА: Барселона не смееше да игра зад затворени врати

Според актуелниот тренер на Манчестер сити, натпреварот никако не смееше да се игра пред празни трибини.

„Јас не би го играл тој меч. Или, доколку мораше да се одигра, тоа никако не смееше да се случи зад затворени врати. Мораше да има гледачи. ‘Камп ноу‘ е посебен стадион. Дури и во времето на диктатурата на Франко, тоа беше единственото место каде што можеше да се чуе каталонски јазик. Беше“, разочарано заклучи Гвардиола.

Тој ја осуди одлуката на владата да го спречи одржувањето на гласањето по секоја цена.