Connect with us

Фудбал

Пеп принуден да го ослободи играчот на кој му се восхитува: Сите знаеме во каква ситуација се наоѓа

Калвин Филипс (28) речиси сигурно во јануари ќе го напушти Манчестер Сити. Англискиот играч за врска не е задоволен од минутажата на Пеп Гвардиола и сака да оди на ЕП. Поради ова ќе бара нов клуб за да има поголема минутажа.

„Сите знаат во каква ситуација се наоѓа и ќе видиме што ќе се случи. Ќе разговараме во јануари, но не е лесно“, изјави Гвардиола, кој е голем фан на Филипс. Во неколку наврати му се извинуваше поради слабата минутажа, но сега веќе нема враќање.

Пеп лично инсистираше на трансферот на Филипс пред една година и го гледаше како важен член на својот тим. Поради сплет на околности, Филипс падна во втор план, но Гвардиола и понатаму има високо мислење за него:

„Единствено што можам да кажам за него е дека барам добра личност и карактер, а тој е совршен пример”.

Пеп се надеваше дека Филипс може да остане до крајот на сезоната, но Фабрицио Романо тврди дека заминувањето на англискиот репрезентативец е 100 отсто сигурно. Сезонава Филипс има девет настапи во сите натпреварувања, а одигра 306 минути. Тој постигна еден гол, против Црвена звезда во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Манчестер Сити летото 2022 година го донесе Калвин Филипс од Лидс за, неофицијално, 50 милиони евра. Никогаш не се вклопи целосно во тимот на тренерот Пеп Гвардиола. Покрај тоа, имаше проблеми со повредите, па вкупно забележа само 30 настапи. Неговиот договор е до 2028 година, но веќе се поврзува со Јувентус и Баерн.