Connect with us

Фудбал

Пет одлични фудбалери кои Интер ќе се обиде да ги донесе за НУЛА евра!

Спортскиот директор Бепе Марота својата навика на работа од Јувентус ја пренесе и во Интер. Тој е еден од најдобрите кога станува збор за ангажирање на фудбалери кои се искусни и кои се слободни, односно кои според „Босман“ правилото може да преговараат со други клубови шест месеци пред истекот на договорот.

Првиот кој во Милано треба да стигне, според планот на Марота, е Ериксен (27) од Тотенхем. Во јуни тој е слободен играч, а според медиумите во Италија веќе почнале преговори, иако интерес за него постои и од други тимови.

Втор на листата е неговиот соиграч Ветронген (32), кој исто така по завршувањето на сезоната станува слободен играч. Тој одлично би се вклопил во формацијата со тројца класични дефанзивци во последната линија, нешто што го форсира Антонио Конте.

За бековските позиции идеја се Муние (28) и Курзава (27), додека во нападот Интер ќе се обиде бесплатно да го добие Дрес Мертенс (32). Со оглед на тоа дека се работи за квалитетни фудбалери, останува да се види колку Интер ќе може да ги ангажира за нула евра, ако се знае дека интерес за нив има и од други тимови.