Connect with us

Фудбал

Пет причини зошто Интер ќе ја освои титулата, дали е реално?!

Интер е лидер на табелата во Серие А. Покрај поразот во меѓуебната пресметка, сепак „Нероаѕурите“ ги оскористија киксовите на Јувентус и го скокнаа на табелата.

Италијанските медиуми со пофални зборови за Интер, но и Антонио Конте, кој е најголемиот „виновник“ за овие резултати.

Веќе почнаа да му придаваат големи шанси на тимот од Милано за титулата. Дел од италијанските медиуми објавија и пет причини зошто Интер ќе биде шампион оваа година.

Вие сами проценете дали е реално.

1.Конте успеа да ја пренесе својата порака, но и начинот на размислување врз играчите. Тој во своите први сезони со нов клуб ја освојува круната.

2.Интер има најдобар напашачки тандем во лигата. Тоа е повеќе од јасно дека Лукаку и Лутаро перфектно се надополнуваат.

3.За разлика од Јувентус, кој ќе мора да продава, Интер во јануари може да го намали дефицитот во квалитет и во ростерот. Марота работи на тоа да ги исполни желбите на Конте, да донесе играч за врска, Матиќ или Видал, но и засилување во нападот.

  1. Сари не успеа да го наметне својот стил во Јувентус. Не игра активно, се мачи, па се поставува прашањето зошто го менуваа Алегри кога тимот изгледа потполно исто.

5.Ако Интер остане во трка за титулата, се претпоставува дека Јувентус, кој го освои првото место во групата, ќе стигне далеку во ЛШ. Тоа е нивната главна цел. Без разлика што имаат два тима, јасно е дека некои играчи не можат да ги ротираат.