Кошарка
Петковски: Првата победа на Пелистер е многу важна
Пелистер вечерва го имаше првиот натпревар во првата лига и првата победа која може да биде исклучително значајна. По натпреварот тренерот на КК Пелистер изјави:
„Ова беше најважниот натпревар во првенството. Најтешко е да се игра на првиот натпревар затоа што сите се во грч долго време, до пред два дена бевме во неизвесност дали ќе бидеме прва или втора лига. На крајот еве повторно заслужено прволигаши. Лани имавме и проблеми со салата, четири месеци немавме сала поради реконструкцијата, но ова што го знаеме и умееме не го покажавме на овој натпревар дефинитивно. Очекував многу повеќе. Победата е многу важна, бидејќи е прв натпревар. Во следната недела очекуваме засилување од тројца американци и со тоа ќе бидеме многу по конкурентни“, изјави Зоран Петковски тренерот на Пелистер.
Оваа сезона дури 12 битолчани настапуваат во екипата