Connect with us

Фудбал

Петмина позитивни фудбалери во Шпанија, ќе се смени ли планот за рестартирање на лигата?

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека тројца фудбалери од шпанската Ла Лига  се покажале позитивни на коронавирус, по новите масовни тестирања меѓу играчите. Секој клуб мораше да направи тестови, пред да почне со тренинзи. Реал Бетис има тројца инфицирани, Роблес, Педраса и Хименес. Четвртиот фудбалер е Ренан Лоди од Атлетико Мадрид, а за петиот се уште не е објавено. Сите се асимптоматски случаи, односно немаат симптоми, а се пренесували на вирусот.

Според планот, очекувањата се првенството да започне во втората половина на месец јуни, а доколку ситуацијата со коронавирусот не биде поволна, тогаш ќе се одложи стартот за уште еден месец. Уште 11 кола има за доигрување на сезоната, па можно е да биде продолжена во август, кога ќе се игра и ЛШ.