Connect with us

Други спортови

Петра Квитова гo освои Мастерс турнирот во Мадрид

Чешката репрезентативка, Петра Квитова победи на Мастерс турнирот во Мадрид, освојувајќи го финалето против Кики Бертенс.

Квитова првиот сет во финалето го освои со 7: 6 (6), а потоа Холанѓанката израмни 1:1 во вториот сет со 6:4. 

Во решавачкиот дел Чехињата одигра многу подобро за краен резултат 6:3, со оваа победа Петра Квитова ја освои 24-тата титула на ВТА.