Connect with us

Фудбал

Петрас: „Рекордот на Марадона има влијание, тоа е нормално,Хамшик треба што поскоро да го израмни рекордот“

Подолг период Марек Хамшик не ја игра неговата претпознатлива игра, главна причина за тоа е, исчекувањето да постигне гол и да го помине рекордот на Диего Марадона.

Капитенот на Наполи, откако се доближи на само еден гол до рекордот на легендарниот Аргентинец, не може да постигне гол.

Сезонава Словакот само еднаш бил стрелец, за Наполи има постигнато 114 гола, а Марадона еден повеќе.

„Рекордот на Марадона има влијание, тоа е нормално. Треба што поскоро да го израмни рекордот. Мој совет е да го шутира следниот пенал кој ќе биде досуден за Наполи за да си ја разбистри главата“, рекол менаџерот на Хамшик, Мартин Петрас.

Наполи наредниот меч го игра утревечер кога ќе го пречека Манчестер Сити во Лигата на шампионите.