Connect with us

Кошарка

Петровиќ нов тренер на Куманово

Александар Петровиќ денеска е назначен за нов шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Куманово.

Петровиќ на тренерската позиција го наследува Игор Михајловски, кој поради здравствени причини одлучи да поднесе оставка.

Дебито на Петровиќ на клупата на кумановчани најверојатно ќе биде во БИБЛ лигата против Тирана во Албанија.

Во досегашната тренерска кариера Петровиќ ги предводеше МЗТ Скопје, Пелистер и Карпош Соколи.