Connect with us

Фудбал

Пике на неславен начин ја заврши кариерата

Кариерата на Жерар Пике заврши неславно откако доби црвен картон и покрај тоа што не настапи ниту на натпреварот на Барселона против Осасуна.

Пике беше оставен на клупата и се очекуваше да влезе во второто полувреме и да го одигра последниот натпревар во дресот кој му донесе легендарен статус.

Во драматичното прво полувреме, напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски доби втор жолт картон поради ударот со лакт на Давид Гарсија. Пике бил незадоволен од арбитражата, а на полувремето се скарал со судијата Хесус Гил Манцано, кого го следел до тунелот, кога и самиот добил црвен картон, пренесува Еуроспорт.

Со оглед на тоа што синоќешниот натпревар се играше во Памплона, Пике се прости од своите фанови претходно, на натпреварот од последното коло против Алмерија. Тој истрча почесен круг околу стадионот, пред да им се обрати на навивачите: „Тука сум роден и тука ќе умрам“. Кога ќе остариш, сфаќаш дека да сакаш понекогаш значи да оставиш. Убеден сум дека ќе се вратам – изјави Пике.

Тој синоќа требаше да го одигра последниот натпревар во кариерата.

Со 600 одиграни натпревари и 30 освоени трофеи, Пике е еден од најважните играчи во историјата на Барселона.