Connect with us

Фудбал

Пике не се откажува од шпанскиот дрес

Играчот на Барселона, Жерар Пике потврди дека несака да го напушти националниот тим на Шпанија, и покрај свирежите од навивачите кои ги доби.

Пике јавно ја подржа и кажа дека е за независност на Каталонија, но несака да се отаже од „црвената фурија“.

Навистина е тешко кога навивачите ти свират и те навредуваат, наместо да ти дадат поддршка. Јас овој тим го сметам за мое семејство и нема да се откажам од него. Сакам да продолжам да играм тука и да бидам дел од следното Светско првенство“, рече Пике.

Тој стои зад сите зборови кои ги кажал и нема да ги промени своите ставови.