Connect with us

Тајмаут

Пике падна од бината во дупка длабока повеќе од два метри. Погледнете го виралното видео

Жерар Пике е познат како поранешен фудбалер на Барселона, но и како човек кој пред една година во соработка со инфлуенсерот Ибаи дизајнираше ново фудбалско натпреварување наречено Лига на кралевите. Досега натпреварите се играа само во Шпанија, но сега Пике реши својата идеја да ја претстави и во Мексико.

За време на воведувањето, Шпанецот во еден момент тргнал кон навивачот кој го држел неговиот дрес, најверојатно за да го поздрави и да се потпише на неговиот дрес, но потоа доживеал необична несреќа. Имено, тој паднал во дупка покрај бината длабока повеќе од два метри.

Марка пишува дека Шпанецот поминал без повреди, а подоцна се пошегувал со публиката дека тоа е магичен трик.