Connect with us

Фудбал

Пикси по победата на Србија: Не можам да играм со 13 или 14 играчи

Србија ја победи Литванија со 2:0 во Белград во првото коло од квалификациската група Г. Капитенот Душан Тадиќ ги доведе во водство избраниците на Драган Стојковиќ во 16. минута, кога му асистираше Филип Костиќ. Тадиќ од прва шутираше, победувајќи го гостинскиот голман Џиугас Барткус. Конечните 2:0 ги постави Душан Влаховиќ во 53. минута.

Селекторот Пикси Стојковиќ се осврна на коментарите дека Србија не сака да постигне уште еден гол.

„Најважно е да имате контрола на играта кога водите со 2:0. За да имаат шанса другите, некој треба да излеземе. Не можат да играат со 13 или 14 играчи. Или има неколку ситуации пред нашиот гол, но треба да очекувате дека и противникот нешто ќе направи, а не само да шета по теренот“.

Тој го коментираше и дебито на Лазар Самарџиќ кој ја избра Србија наместо Германија.

„Не беше многу пријатно. Се сеќавам на моето деби и знам дека ми беа отсечени нозете. Тој не се плашеше, сето тоа беше ново за него и отсега натаму се ќе биде во ред многу полесно. Му честитам на дебито и верувам дека ќе игра за Србија во годините што доаѓаат“.