Connect with us

Други спортови

Пинг понг робот против бронзен олимпиец

Јапонската високотехнолошка компанија Omron создаде робот за пинг понг наречен Forpheus кој може да сервира, да ги предвидува движењата и ударите на противникот, а може да открие и колку е тој добар, односно дали е почетник или искусен играч.

За да го тестираат во игра против вистински играч, инженерите на Omron го предизвикаа јапонскиот олимпиец Јун Мизутани, освојувач на бронза од Олимпијадата во Рио, кој егзибициски одигра неколку сетови.