Connect with us

Фудбал

Пирло го објави составот за Лигата на шампионите

Торино, 6 октомври 2020 (МИА) – Како што се очекуваше, Сами Кедира не беше регистриран од Јувентус за претстојното учество на тимот во Лигата на шампионите. 33-годишниот Германец не е вклучен во сметките на Андреа Пирло, но сепак одби да замине за време на преодниот рок. Во оваа ситуација, играчот за врска останува во клубот, но нема да игра. Тој е во последната година од договорот според кој добива 6 милиони евра.

Пред една година, тогашниот тренер на „бјанконерите“, Маурицио Сари, ги остави Марио Манџукиќ и Емре Џан надвор од списокот на Лигата на шампионите, кои потоа заминаа на зима.

Инаку, новиот додаток Федерико Киеза го доби дресот со бр.22.

Оваа сезона Јувентус е во група со Барселона, Динамо (Киев) и Ференцварош. Тимот започна на 20 октомври со гостување кај украинскиот тим.

Составот на Јувентус за Лигата на шампионите: