Connect with us

Фудбал

Пјаниќ ги пропушта дуелите со Лацио и Спортинг

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ ќе мора да паузира околу 15 дена од фудбалските терени, откако го истегнал бутниот мускул на загревањето во пресрет на мечот меѓу Јувентус и Олимпијакос во Лигата на шампионите. Тој се повреди пред самиот старт на натпреварот, па тренерот Масимилијано Алегри му даде шанса на младиот Уругваец, Родриго Бентанкур.

Миралем Пјаниќ ги мина медицинските тестови, а тие покажаа дека има повреда на бутниот мускул, заработена на загревањето пред мечот со Олимпијакос во ЛШ,објави Јувентус на својот официјален сајт.