Connect with us

Фудбал

Платени се цело богатство и немаат право на грешка: Кои се близнаците „командоси“ кои го чуваат Роналдо

Португалскиот фудбалер и официјално беше претставен како ново засилување на Ал Наср. На церемонијата на стадионот во Ријад присуствуваа голем број навивачи.

Со оглед на огромниот интерес, настанот беше максимално обезбеден, а телохранителите на Роналдо повторно „скокнаа“ во преден план.

Имено, браќата близнаци Хорхе и Серхио Рамаљеиро се грижат за безбедноста на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Станува збор за поранешни припадници на елитните воени единици, кои биле на мисии во Авганистан. Во армијата се приклучиле веднаш по завершувањето на училишт, а завршиле во единицата на специјалните сили наречена „командоси“.

Откако се вратиле во родната Португалија, тие работеле во полиција и биле задолжени да ги чуваат судиите и политичарите. Потоа решиле да работат приватно.

„Се облекуваат елегантно, изгледаат сосема обично и лесно се вклопуваат во околината, но брзо размислуваат и дејствуваат во вистинско време“ – изјави еден од членовите на тимот.

Според некои информации месечно заработуваат околу 800 илјади евра.

Браќата често се фотографираат со Кристијан, но и со неговата сопруга Георгина Родригез.

Роналдо и претходно работел со специјалните сили – своевремено негов телохранител беше воениот падобранец Нуно Марекос, а го чуваше и поранешниот ММА борец Гонзало Салгадо.