SPORTM.mk
Плишкова сруши рекорд на Серена Вилијамс на УС Опен
Каролина Плишкова обезбеди третото коло на УС Опен, откако во возбудлив натпревар ја совлада Аманда Анисимова со 7-5, 6-7, 7-6.
На патот до триумфот, тенисерката од Чешка урна рекорд по број на асови на Ју-Ес опен, кој претходно го имаше Серена Вилијамс.
Поранешната најдобра тенисерка сервираше дури 24 аса, а тоа е за шест повеќе од досегашниот рекорд на Серена од 2018 година. Втора на листата тенисерки со најмногу асови е Германката Сабине Лисицки, која стигна до 27 аса на дуелот против Белинда Бенчиќ во Бирмингем во 2015 година.