Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Вардар повторно без победа, Работнички влезе во серија од три победи

Дерби дуелот од 13.коло од Првата фудбалска лига меѓу Силекс и Вардар заврши без голови и без победник 0:0. Најзрелата шанса за гол ја имаше Силекс но ударот од белата точка во 27 минута на Филип Тимов заврши во пречката.
Лидерот на табелата Шкендија триумфираше на гости во Прилеп против Победа со головите на Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.
На двата дуела во Скопје минимални победи за домашните екипи. Работнички ја постигна и третата победа во низа откако го совлада Шкупи, додека последнопласираниот Скопје со триумфот на Пелистер ја постигна првата победа.

Резултати на натпреварите од 13.коло:
Скопје – Пелистер 1:0,
Победа – Шкендија 0:2,
Работнички – Шкупи 1:0,
Силекс – Вардар 0:0,
Ренова – Академија Пандев 3:1 (играно вчера).

Табела: Шкендија 31 бод, Академија Пандев 21, Вардар 20, Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16, Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9.