Connect with us

Фудбал

Пндевци славеа против Шкендија, Пелистер сè уште не знае за победа, Брегалница убедливо славеше на домашен терен

Денеска се одигра 10. коло од ПМФЛ.

Пелистер кој е во очајнича форма денеска на гостувањето кај Ренова загуби со 2:0.

Добро се држеа битолчани на овој натпревар се додека во 60. минута Размовски направи втор жолт картон и му поклони пенал на Ренова.

Селмани беше прецизен од белат точка и му донес предност од 1:0 на домаќините, а Шефити во 72. минута ги постави конечните 2:0.

Пелистер по одиграни 10. кола не знае за победа и се наоѓа на последното место со само 4 бода, а Ренова е втора со 21 бод, 2 поламку од лидерот Шкупи.

Во ова коло Брегалница славеше убедлива победа на домаше терен, ги совладаа Македонија Ѓ.П. со 4:1.

Резултатот го отвори Никола Ескиќ кој во 16. минта ја сатресе мрежата на гостите, потоа видовме уште два гола во првото полувреме, Алтипармаковски во 27. минута и Стојанов во 45+1. минута од пенал.

Со ист ритам го продолжија и второто полувреме а Камара го постигна утешниот гол за гостите, додека Алтпармаковски ги постави конечните 4:1 во 79. минута.

Брегалница се наоѓа на 4. позиција на табелата со 16 освоени бодови, додека Македонија Ѓ.П. се наоѓа на 9. позиција на табелата со 10 освоени бодови.

Академија Пандев на домашен терен ја совлада Шкендија со 2:1.

Гостите го отворија резултатот во 17. минута од натпреварот со голот на Дориев, а птота следеше целосен пресврт на натпреварот.

„Пандевци“ успеаа да дојдат до изедначување во 77. минута од натпреварот со голот на Мирчевски, а во 86. минута истиот играч повторно ја затресе мрежата на Шкендија и му донесе три бода на домашната екипа.

Академија Пандев моментално се на третата позиција со 18 бода а Шкендија на шетсо место со 14 бода.

Струга одигра нерешено 1:1 со Борец, на домашен терен.

Цаке во 9. минута им донесе радос на Струга но радоста траеше до 82. минута кога Љума изредначи на 1:1.

Стурига со ова реми е на седмо место со 14 бода, а Борец е десетти со 8 бода.

Тиквеш дома загуби од лидерот Шкупи со 1:0, а голот го постигна Руатубјаје во 30. минута

Тиквеш се наоѓа на 11 место со само 6 бода додека Шкупи е прв со 23 бода.