Connect with us

Фудбал

По 18 години кариера и 12 различни клубови, поранешниот репрезентативец Адис Јаховиќ се пензионираше

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ, ја заврши професионалната кариера на 37 години.

Искусниот центарфор оваа сезона требаше да игра за Нарлидерс, но се предомисли и реши да стави крај на професионалната кариера која траеше 18 години.

„По професионален договор на 18 години, 12 различни градови, шест различни земји, далеку од моето семејство за да ги остварам моите соништа да бидам фудбалер, дојде крајот. Многу среќа, многу стрес, многу убавината е собрана, но сето тоа вредеше. Благодарам на сите во моето семејство и пријатели кои секогаш ме бодреа. Тоа ќе ми недостига, но време е за нов почеток“, рече Јаховиќ.

Последен клуб во кариерата му беше Нарлидере, а претходно играше за Бодрум, Гезтепе, Анталијаспор, Малатијаспор и Коњаспор во Турција, Самара во Русија, Риека во Хрватска, Ворскла Полтава во Украина, Вил и Цирих во Швајцарија, Сараево, Железничар и Вележ во Босна и Херцеговина. Кариерата ја започна во Влазними од Кичево, играше за Македонија ЃП . За националниот тим постигна три гола на 19 настапи.