Фудбал
По Аргентинецот, Италијанците повикаа и Бразилец во репрезентацијата
И селектор Роберто Манчини испратил повик до бразилскиот фудбалер Лукас Питон (22), соопшти неговиот клуб Васко де Гама. Манчини го составува тимот за претстојното финале во Лигата на нации каде Италија во полуфиналето ќе се соочи со Шпанија, а потоа во финалето ќе се сретне со Хрватска или Холандија.
Семејството на Питон е со италијанско потекло, па тој доби италијанско државјанство пред две години. Ова е втор случај годинава Манчини да му врачи покана на фудбалер од Јужна Америка. Во март го покани Аргентинецот Матео Ретеги, кој исто како и Питон немаше фудбалски врски со Италија. Ова предизвика огорченост кај дел од италијанската јавност.
Да додадеме дека во италијанската репрезентација веќе играат неколку Бразилци. На последниот список беа Жоржињо, Емерсон Палмиери и Рафаел Толои.