Connect with us

Други спортови

По четвртти пат Хамилтон е новиот светски шампион во Ф1

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е новиот светски шампион во Формула 1, откако на две трки пред крајот е недостижен на врвот.

Британецот ја освои четвртата титула по ГН на Мексико, откако неговиот главен ривал Себастијан Фетел не заврши на едно од првите две места.

Двајцата се удрија на почетокот, при што на Хамилтон му пукна гума, а на Фетел му беше оштетен носот на болидот. На крајот Германецот остана четврти (12 поени), додека Британецот заврши деветти (2 поени), што ја направи разликата помеѓу двајцата 56 поени, при50 максимални кои може да ги освои Фетел во последните две трки сезонава.

ГН на Мексико ја освои Макс Верстапен од Ред Бул, а на почесниот подиум се качија уште Финците Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари).