Connect with us

Други спортови

По Ѓоковиќ и Надал, дома си оди и Федерер, Циципас го совлада Швајцарецот во два сета

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го совлада Роџер Федерер во два сета (6:3 и 6:4) и по еден ипол час игра, преку Швајцарецот обезбеди финале на завршниот АТП турнир во Лондон.

Противник во финалето ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Тим и  Зверев, кој ќе се одигра во 21 часот.

Откако Федерер доживеа пораз, стана јасно дека во финалето во Лондон ќе ги нема фаворитите, бидејќи претходно дома си заминаа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.