Connect with us

Фудбал

По Манџукиќ, Јувентус продаде уште еден фудбалер во Катар

Јувентус и официјално продаде уште еден фудбалер на катарскиот тим Ал Духали, каде веќе се наоѓаат Марио Манџукиќ и Менди Бенатија. Се работи за Севернокореецот Кванг-Сонг Хан. Сепак, позајмицата е прекината поради понудата од Катар.

Вредноста на трансферот е пет милиони евра без бонуси.

Кванг Сонг Хан го поминал младинските категории и сениорскиот тим на Каљари, а играше и за Перуџа. Јувентус го купи во септември 2019-та година, но играше само за тимот на Јуве за играчи до 23 години.

Во 2017-та година во дресот на Каљари постигна два погодоци со што стана првиот Севернокореец кој запишал голови во Серие А.