Connect with us

Фудбал

По Наполи, Кремонезе ги шокираше Рома и Мурињо

Ново големо изненадување во Купот на Италија во режија на Кремонезе. Тимот од Кремона повторно славеше како гостин против голем фаворит. Овој пат ја елиминираа Рома со 2:1 и се пласираа во полуфиналето.

Можеби, всушност, многу веројатно, Кремонезе експресно ќе се врати во Серија Б. Но, во исто време може да се најде и во Лига Европа. Затоа што последнопласираната екипа од Серија А се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, а ривал во битката за финалето и е Фиорентина, најслаба од останатите, според општиот консензус.

Исто како и Лучијано Спалети во претходното коло, така и Жозе Мурињо сериозно се коцкаше. Тој изведе комбиниран состав и на крајот го чинеше, можеби, единствената шанса за трофеј. Па, Рома, особено по казната на Јувентус, се уште е приоритет за враќање во Лигата на шампионите, но овој шамара многу боли и може да влијае на игрите во Серија А.

Кремонезе уште еднаш одлично се претстави во мечот на теренот на фаворизираниот противник. Трпеливо ја чекаше приликата и ја доби во 28. минута. Руи Патрисио направи прекршок за најстрога казна, а Сирил Дезерс беше сигурен изведувач на пенали.

На полувремето Мурињо ги внесе во игра Дибала, Смолинг, Залевски и Немања Матиќ. Сепак, гостите ја „пресекоа“ „Вучицата“ и поведоа со 2:0 веќе во 49. минута. Автогол си постигна Џелиќ и задачата пред Рома стана повеќе од тешка.

До крајот, избраниците на Жозе Мурињо успеаја само да го намалат резултатот на 2:1, бидејќи Белоти ја погоди мрежата во четвртата минута од судиското надополнување. Предоцна. Кремонезе е во полуфиналето, а ривал во борбата за големото финале ќе биде Фиорентина.