Connect with us

Фудбал

По Њукасл, саудискиот принц купува друг познат клуб?

Саудискиот принц Мохамад Бин Салман неодамна го купи Њукасл за 320 милиони евра, но има амбиции да купи друг фудбалски клуб.

Како што објави ТНТ Спорт Бразил, Салман сака да го купи Крузеиро, познат клуб од Бразил.

На крајот на 2019 година, овој култен тим испадна во втората лига за прв пат во историјата, што беше поразително за двократниот победник на Копа Либертадорес.

Дресот на Крузеиро во минатото го носеа некои големи мајстори како Роналдо и Ривалдо, а во моментов го води легендарниот Вандерлеј Луксембурго.

Со оглед на тоа што клубот моментално е во криза и не му оди баш најдобро во бразилското првенство, Арапите сакаат да го искористат тоа и да го купат по ефтина цена.

Секако, на навивачите не би им пречело доколку нивниот клуб падне во рацете на саудискиот принц кој е осми најбогат човек во светот и со тимот би направил големи работи за кратко време.

Реклама

Facebook

Реклама