Други спортови
По пласманот во финалето, Ѓоковиќ нема оптимистички најави: Имам некои проблеми, Синер е фаворит!
Новак Ѓоковиќ славеше во полуфиналето на турнирот во Шангај. И покрај проблемот со повредата на крајот од мечот и медицинскиот тајм-аут, Ѓоковиќ сепак го совлада познатиот ривал Тејлор Фриц со 2:0 во сетови, односно 6:4, 7:6 (8:6), во битка за финале.
По победата, Ѓоковиќ изјави:
„Ваквите битки секогаш извлекуваат многу од мене, особено кон крајот на турнирот во оваа фаза од мојата кариера. Овие борби одземаат многу енергија, но ми даваат самодоверба. Морам да се опоравам затоа што имам некои физички проблеми, вели Ѓоковиќ кој се осврна и на Синер, кој ќе му биде противник во финалето:
-Дојдов овде со визија да стигнам до финалето и да ја барам таа 100-та титула. Ќе имам шанса против најдобриот во светот и ќе видиме што ќе се случи. Со нетрпение го чекам дуелот против Синер, кој игра одличен тенис и секако е фаворит, додаде Новак.