Connect with us

Фудбал

По поразот од Лацио, „летаат“ казни во Јувентус, на удар и Недвед

По поразот од Лацио во Суперкупот уште една лоша вест за Јувентус. Играчот за врска Родриго Бентакур е казнет со три меча суспензија поради црвениот картон заработен на овој меч. По исклучувањето поради две јавни опомени, Уругваецот имаше што да му порача на четвртиот судија, а тоа арбитрите уредно го заебелажаа, па фудбалерот ќе мора на „ладење“ на дуелите против Каљари, Рома и Парма.

Казни стигнаа и за оние надвор од теренот.

Потпретседателот и спортски директор Павел Недвед и Фабио Паратичи исто така ќе платат „сметка“ во вид на финансиска казна од пет илјади евра поради непочитување на судиите на крајот од мечот.