Connect with us

Фудбал

По поразот од ПСЖ, Баерн го отпушти Дон Карло

Баерн Минхен и Карло Анчелоти да го раскинат договорот откако во тимот одржале интерна дискусија по синоќешниот пораз од ПСЖ со 3-0, соопшти денеска тимот.

– Перформансите на тимот во почетниот дел од сезоната не ги задоволуваат нашите очекувања, а натпреварот во Париз покажа дека е потребно итно делување, изјави претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге, додавајќи дека денеска тој и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ одржале искрен состанок со Карло Анчелоти каде што го известиле за одлуката.

Тој му се заблагодари на Анчелоти за времето поминато во Баерн и потенцираше дека тој му е пријател и му е жал што работите така завршиле.

– Се надевам дека оваа одлука позитивно ќе влијае на тимот и дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели на крајот на сезоната, рече Румениге.

Вили Сањол, кој досега беше асистент тренер, ќе ги преземе обврските на Анчелоти додека управата на тимот е во потрага за нов тренер.

Отпуштањето на Анчелоти доаѓа по бледата игра на тимот на стартот на сезоната и јавно искажаното незадоволство од страна на неколку ѕвезди од Баерн.