Connect with us

Фудбал

По расистичките навреди, фудбалерот на Реал Мадрид се огласи: Се додека бојата на кожата е поважна од светлината во очите, ќе има војни (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навредуван на расна основа во една емисија дури и наречен мајмун. Сето ова произлегува од критиките за начинот на кој ги прославува головите играјќи самба. Реал Мадрид веднаш најави дека ќе реагира со тужба, а самиот фудбалер се огласи.

„Се додека бојата на кожата е поважна од светлината во очите, ќе има војни. Оваа фраза ја имам истетовирано на моето тело. Ја имам врежено оваа мисла во мојата глава. И во животот се однесувам на начин со кој оваа филозофија ја претварам во реалност“ – вели Бразилецот.

„Овие танцови ги слават различните култури ширум светот. Прифатете ги! Почитувајте ги! Или ако сакате врескајте… Во секој случај, јас нема да престанам!

„Ќе продолжам да танцувам, без разлика дали тоа е самбадром, Бернабеу или некое друго место“.