Фудбал
По Роналдо, Ал Наср го носи и најскапиот играч на Реал на сите времиња
Саудискиот клуб Ал Наср, кој неодамна го донесе Кристијано Роналдо, го сака и Еден Азар, најскапиот играч на Реал Мадрид во историјата, според експертот за трансфери Санти Аун. Белгискиот репрезентативец не е во добра форма, никогаш не се наметнуваше во Реал, а Винисиус Јуниор постојано игра и се истакнува на својата позиција.
Затоа трансфер во Саудиска Арабија би бил еден од логичните потези за него. Таму ќе го пречека тренерот Руди Гарсија, кого добро го познава уште од Лил, каде и двајцата се прославија. Азар има 32 години, а оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал.
Постигна еден гол и асистираше. Реал го донесе пред три години за рекордни 115 милиони евра, а денес вреди седум и пол милиони според Трансфермаркт. Не брилјираше ниту во репрезентацијата на Белгија, која по групната фаза беше елиминирана од Мундијалот.