Connect with us

Фудбал

По шест години се вратија во Лигата на шампионите и на стартот ја победија Барселона (ВИДЕО)

Синоќа се одиграа последните мечеви од првиот круг од новиот формат во ЛШ. Се чини дека најголемото изненадување го направи францускиот тим Монако, кој по шест години пауза се врати во елитнотно натпреварување. Веднаш на стартот голема победа. На домашен терен ја совладаа Барселона.

Клучниот момент се случи во 11-та минута кога Гарсија заработи директен црвен картон. Потоа, Монако поведе со голот на Аклиуше во 16-та. Барселона успеа да израмни преку Јамал во 28-ма минута, а победата на Монако ја донесе Иленикена во 71-та минута.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ, ЧЕТВРТОК

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БЕНФИКА 1:2

ФЕЕНОРД – ЛЕВЕРКУЗЕН 0:4

АТАЛАНТА – АРСЕНАЛ 0:0

АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛАЈПЦИГ 2:1

БРЕСТ -ШТУРМ 2:1

МОНАКО – БАРСЕЛОНА 2:1

Standings provided by Sofascore