Connect with us

Фудбал

Победнички поздрав со порака од Трајковски: Ова е супер резултат за мојот тим

Македонија доби голем бод на гостувањето во Торино во Италија, благодарност до резервистот Александар Трајковски кој го матираше Буфон за 1-1.

Овој погодок на Трајковски го обележа и Палермо кој објави слика со него и со колегата Несторовски,  проследена со кратка изјава за стрелецот:

Многу сум среќен поради голот против најдобриот голман на светот, ремито против Италија е многу значаен резултат за мојот национален тим, -вели Трајковски и додава:

Со нетрпение чекам да се вратам и стрелам во дресот на Палермо, имаме обврска да се вратиме во Серија А. Жал  ми е што јас и мојот сонародник нема да можеме да играме во недела на важниот меч против Парма, ама сигурен сум дека оние што ќе излезат ќе дадат се од себе за победата, -заврши напаѓачот.