Connect with us

Кошарка

Почина човекот кој НБА лигата ја направи едно од најголемите клупски натпреварувања

Дејвид Штерн, почина на 78-годишна старост, а ја направи НБА лигата каква што ја познаваме денеска.

Под негово водство НБА лига е од 1984-та до 2014-та стана веројатно најважното клупско натпреварување во светот. Тој беше долгогодишен комесар на НБА лигата, а починал по кратко боледување. Зад себе остави лига која пред неговото доаѓање ниту приближно не беше силна каква што се создаде под негово водство. Ја остави во наследство на неговиот заменик Адам Силвер.