Connect with us

Кошарка

Почина доктор на познат европски клуб, причина коронавирус

Клубскиот доктор на кошаркарскиот тим ЦСКА Москва, Роман Абжелилов почина како последица на коронавирусот. Тој имаше 44 години. Информацијата ја потврди самиот клуб.

Докторот на кошаркарскиот тим ЦСКА Москва, Роман Абжелилов почина во 44. година од животот како последица од коронавирусот.

„Нашиот пријател, брилијантен доктор, за жал почина денеска. Се бореше до последниот момент, но не успеа да се избори со последиците од коронавирусот. Зад себе остави сопруга и две деца. Почивај во мир, пријателу“, објави рускиот тим.