Connect with us

Тајмаут

Почина играч од средниот ред на Ајакс

Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс и на репрезентацијата на Гана, Абубакари Јакубу, почина на 35 години, потврди Фудбалската асоцијација на Гана.

Јакубу имаше 16 настапи за репрезентацијата на Гана и беше дел од нивниот тим на Африканскиот куп на нациите во 2006 година, но не доби место за СП во Германија истата година.

Јакубу поголемиот дел од кариерата го помина во Холандија по заминувањето од Африка на 17 години. Со Ајакс тој освои две титули во 2002 и 2004 година, а настапуваше и во Лигата на шампионите. Подоцна направи трансфер во Витесе Арнхем, каде што играше уште пет години.

За неговата смрт не беа дадени детали, освен дека бил примен во болница претходно оваа недела и дека бил поставен на апарати за одржување во живот.