Connect with us

Фудбал

Почина легендарниот италијански фудбалер кој на Мундијалот во 1990 го засени Марадона (ВИДЕО)

Легендарниот италијански напаѓач Салваторе Тото Скилачи почина денеска во Палермо на 59-годишна возраст, објавија италијанските медиуми.
Скилачи неколку години боледувал од тумор на дебелото црево, а неговата здравствена состојба се влошила откако добил тешка пневмонија.

Тој беше хоспитализиран пред неколку дена, неговата состојба изгледаше малку подобрена, но за жал не издржа.

Фудбалските навивачи го паметат Скилачи по головите на Светското првенство во 1990 година, кога беше најдобар стрелец на турнирот со 6 гола, а Западна Германија тогаш беше светски првак.

На Светското првенство во Италија во 1990 година, Скилачи го стави во втор план големиот Диего Армандо Марадона, бидејќи ја освои Златната копачка.

Во својата кариера настапуваше за Месина, Јувентус, Интер и јапонскиот клуб Ивата.