Фудбал
Почна „војната“ за богатството на Марадона, има и шест деца кои никогаш не ги признал за негови
Диего Армандо Марадона почина минатата среда од срцев удар. Замина во вечниот дом на 60-годишна возраст, а зад себе остави бројна фамилија, но и големо богатство. Како што пишуваат аргентинските медиуми, пред да почине Марадона имал богатство од 75 милиони долари.
Тоа е секако импресивна сума, ако се знае дека легендарниот Аргентинец трошел многу пари. Според истите тие медиуми, Марадона заработил половина милијарда долари, но поголемиот дел го потрошил бидејќи живеел бурен живот.
Марадона има пет деца, признаени. Станува збор за ќерките Далма (34) и Џиана (31) кои се родени во бракот со Клаудија. Покрај нив тука се Диего Џуниор (34), Јана (27) и Диего Фернандо (7).
Аргентинските медиуми воедно пишуваат дека уште шест деца, чиј идентитет не се открива, велат дека Марадона е нивен татко, но тој никогаш не ги признал. Се разбира Далма и Џиана ќе инсистираат на поголемиот дел од богатството бидејќи се родени во брак, а како што е познато со останатите деца не се согласуваат баш најдобро.
Освен 75 милиони долари во пари, Марадона има и големо богатство во недвижнини. Затоа аргентинските медиуми пишуваат дека „војната“ за неговото богатство почнува.