Фудбал
Почнаа преговорите, фудбалер на Јувентус се сели кај Карло Анчелоти
Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира, е во преговори со Евертон, чиј тренер е легендарниот Карло Анчелоти. Според новинарот Николо Скира, 33-годишниот Германец ќе го смени тимот во јануари.
Фудбалерот сака да игра во Англија и може да се пресели во Евертон.
Во сезоната 2020/21, Кедира ниту еднаш не се појави на теренот за торинскиот клуб.
„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот од средниот ред на два милиони евра.