Connect with us

Фудбал

Подгответе се, Силвио Берлускони стигнува во „елитата“ со нов клуб, најавува „бум“

Екипата на Монца е промовирана за нов член на Серие Б. Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, со кој оваа екипа имаше големи успеси на домашната и европската сцена, сега е спонзор на Монца. Како што вели тој, за една година ќе обезбедат пласман во Серие А, односно најдобрата лига во Италија и најавува „бум“.

-Ќе изградиме тим кој ќе дојде до врвот на Серие Б и ќе влезе во елитата. Никогаш немав дилеми. Со играчите и тренерот го работам она што секогаш сум го работел во Милан, вели Берлускони.