Фудбал
„Погба треба да го напушти Јунајтед“
Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра изјави денеска дека можеби е најдобро за Манчестер Јунајтед и Пол Погба за напаѓачот да го напушти клубот.
„Кога игра Пол, луѓето го напаѓаат, кога тој не игра, тие го обвинуваат повторно“, рече Евра, пренесува goal.com.
Медиумите веќе некое време шпекулираат за евентуалното преминување на Французинот, при што Реал Мадрид се споменува како еден од кандидатите.
Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ се потсети на неговата состојба во Марсеј и суспензијата што ја даде УЕФА.