Connect with us

Фудбал

Погледнете како 18-годишниот Ендрик го собори рекордот на Раул, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Синоќа фудбалерите на Реал Мадрид го победија Штутгарт со 3:1 во првото коло од Лигата на шампионите, а напаѓачот на „Кралевите“ Ендрик испиша историја.

Осумнаесетгодишниот Ендрик во игра влезе во 80. минута, а во 90+5. минути погоди за конечни 3:1. Бразилецот поведе контранапад три на два, а наместо да му асистира на еден од соиграчите, реши да шутира од 25 метри и постигна навистина спектакуларен гол.

Ендрик во своето деби во Лигата на шампионите го собори рекордот што претходно го држеше легендарниот Раул и стана најмладиот стрелец на Реал во историјата на елитното европско клупско натпреварување. Раул го постави тој рекорд на 18 години, 3 месеци и 21 ден, а Ендрик синоќа го погоди со 18 години, 1 месец и 27 дена и покажа зошто многу експерти веруваат дека може да стане еден од најдобрите напаѓачи во историјата.