Connect with us

Фудбал

Погледнете како Динамо Загреб и нашиот Ристовски го налутија Баерн Минхен и потоа примија 9 голови (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн го совладаа Динамо со резултат 9:2 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, со што загрепскиот клуб го претрпе најтешкиот европски пораз во клупската историја.
„Сините“ беа потонати со четири гола на Хари Кејн, два на Мајкл Олисе (38, 61), а меѓу стрелците беа Рафаел Гереиро, Лерој Сане и Леон Горецка.

За Динамо стрелци беа Бруно Петковиќ и Такуја Огивара на стартот од вториот дел, а се чини дека токму нивните голови ги налутија Баварците кои во тој момент водеа со 3:2 и направија вистинска катастрофа на Динамо до крајот.

Цел меч за Динамо одигра нашиот Стефан Ристовски, а Адеми влезе во вториот дел.

Досега Динамо го претрпе најлошиот пораз од Лион со 7:1 во Лигата на шампионите во 2011 година.

Рекордни победи во Лигата на шампионите остварија Реал Мадрид и Ливерпул кои со 8:0 ги совладаа Малме и Бешикташ.