Connect with us

Фудбал

Погледнете како се посрамоти на тренинг напаѓачот од 100 милиони на Ливерпул (ВИДЕО)

Кога уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез летово дојде од Бенфика во Ливерпул во рекорден трансфер вреден околу 100.000.000 евра, навивачите на „црвените“ се надеваа дека тој одлично ќе се вклопи во тимот на Јирген Клоп.

Сепак, на стартот од сезоната, 23-годишниот фудбалер не брилјира на „Енфилд“. На дебито во Фулам постигна гол, но во следното коло беше исклучен поради непромислен потег против Кристал Палас и заработи суспензија од три натпревари во лигата.

По паузата Нуњез не постигна ниту еден гол за Ливерпул.

Неговата лоша форма од клубот се „пресели“ на тренингот на репрезентацијата на Уругвај. Така, на социјалните мрежи се појави видео на кое Нуњез, најверојатно, се обидува да постигне гол, но наместо тоа, топката оди до корнер знаменцето.