Connect with us

Фудбал

Погледнете кои тимови вредат над една милијарда евра во моментов

Пет тима во моментов се над границата од една милијарда евра. Според вредноста и моменталната цена на фудбалерите, а сметајќи според пресметката на „трансфермаркт“, специјализирана интернет страница за ова, Манчестер Сити е најскапиот тим во моментов со 1,28 милијарди евра. Следува Реал Мадрид со 1,19, потоа Барселона со 1,18 милијарди, Ливерпул вреди 1,07 милијарди, а петорката која ја надминува милијардата ја заокружува ПСЖ со вредност од 1,05.

Тотенхем, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус и Челзи ја комплетираат најскапата „десетка“ на денешницата.