Connect with us

Фудбал

Погледнете колку милиони евра издвоиле македонските фудбалски клубови за плати

ФОТО ФК ВАРДАР

Македонските фудбалски клубови исплатиле вкупно седум милиони евра за плати во 2018 година што ги рангирана на 40. место во Европа, стои во публикацијата на УЕФА. Сумата во однос на 2017 година е намалена за четири отсто, а разликата е драстична во однос на расходите за плати во земјите со кои се водат битки на зелениот терен на клупски и на репрезентативен план.

Состојбата во држави како Австрија, Шкотска, Казахстан, Грција, Израел, Шведска, Полска, Унгарија, Норвешка, Хрватска, Чешка, Романија, Србија и Кипар е неспоредливо понапред од македонските прилики по овој параметар кој е еден од водечките во современиот фудбал.

Најмногу пари се плаќаат во Англија. Вкупната сума кај клубовите на Островот е 3,235 милијарди евра пред Шпанија со 2,020 милијарди евра, Германија со 1,664 милијарди евра, Италија со 1,495 милијарди евра и Франција со 1,281 милијарди евра.