Connect with us

Фудбал

Погледнете што се побарала Ванда Нара, Турците биле шокирани!

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди (29) замина на позајмица во Галатасарај до крајот на сезоната, а неговата менаџерка Ванда Нара постави шест услови за турскиот клуб кои мора да се исполнат, пишува Мундо Депортиво.

Ванда најпрво барала приватен возач кој ќе биде достапен на Икарди и на целото семејство 24 часа на ден, а сака да има и приватен семеен готвач.

Таа бараше постојано обезбедување  за да се грижи за нив и целосно обезбедена куќа.

Сопругата на Икарди побарала и платен хотел за престој до декември кога ќе се преселат во посакуваниот дом и ќе најдат соодветно училиште за нивните деца.

Турските медиуми додаваат дека челниците на клубот биле шокирани од барањата на Ванда.

Инаку, Икарди досега во својата кариера настапуваше за младиот тим на Барселона, Сампдорија, Интер и ПСЖ, во кој ќе се врати кога ќе му истече позајмицата во Турција.

За аргентинската репрезентација одигра само осум натпревари и постигна еден гол.